Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Кавадарци ќе се реставрира и става под заштита камената кула од 17 век

0
By Marija Todorovska on December 10, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 10, 2024 15:06

Кавадарци: Ќе се реставрира и става под заштита камената кула од втората половина на 17 век, најстарата сочувана градба во Кавадарци. Тогаш била најдоминантна во градот.  Ова го потврди кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, одговарајќи на прашање од советникот во Советот на Општината,  Горан Кузмановски.

Натка Китева, кустос историчарка во Музеј галеријата во Кавадарци, појаснува  денеска за МИА дека станува збор за Маркова кула, што се наоѓа  во најстарото градско јадро познато под името „Полана“, а таму денес се наоѓа и истоимениот мал парк. Позната е уште како Маркова или Турска кула и се наоѓа во Кулевското маало.

– Не е познато кој ја изградил, но со сигурност се знае дека имала одбранбен карактер како и останатите кули што се граделе во тој период. Средновековната кула под која започнало формирањето на градот е изградена од камен и малтер, а ѕидовите достигнуваат дебелина до 1 метар. По својата форма таа е со квадратна основа и е висока околу 20 метри, споделува Китева.

Кулата е на пет ката, а внатрешноста била изградена од квалитетно дабово дрво.

– Првиот и вториот кат се без прозорци, а на третиот има само еден тесен, мал прозорец.  На четвртиот и петтиот кат има по три прозорци со железни решетки. На јужниот ѕид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а до прозорецот е нанесен симс од камен од каде е бранет пристапот во тврдината. Се раскажува дека оттука се фрлани камења, можело да се истура жешко масло и слично, подвлекува Китева.

На петтиот кат постои отвор што служел за одвод на нечиста вода. Единствен влез кулата имала на вториот кат, а пристапот до него бил направен со камени скали.

Кавадарци камена кула
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.