Published: Tuesday, December 2, 2014 12:05
Војската на Либан ги уапси жената и синот на лидерот на самопрогласената Исламска држава Абу Бакр ел Багдади, соопштија либанските служби.
Не се објавени името и националноста на жената која е уапсена во соработка со странските разузнавачки служби додека влегувала од Сирија во Либан. Таа и нејзиниот син се пренесени во Бејрут.
Иако Пентагон не соопшти официјални информации, според наводите, на 8. ноември лидерот на ИД ел Багдади бил тешко ранет по воздушните напади на Меѓународната коалиција.




