Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Лондон почнува Самитот за Западен Балкан

0
By Нова ТВ on July 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров, денеска и утре учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Лондон.

Како што соопшти владината прес-служба, централните настани на Самитот започнуваат утре со приемот на премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј за шефовите на делегациите на земјите членки на Берлинскиот процес, и на земјите членки на ЕУ присутни на самитот, како и за претставниците на Европската Комисија.

Како воведна програма на Самитот денеска во Лондон се одржуваат уште две  од трите работни програми на министерско ниво. Работната програма за безбедност на која учествува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и за надворешна политика, билатерални спорови и наследство од минатото на која учествува министерот Димитров. Работна програма на тема економија се одржа на 4 јули во Виена, а на неа учествуваше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Премиерот Заев во текот на првиот работен ден ќе присуствува и на работниот ручек за шефовите на делегациите и на директорите на Европската инвестициона банка, на Европската банка за обнова и развој, на претставниците на Регионалниот совет за соработка на земјите од Западен Балкан, како и на претставниците на Регионалната канцеларија за соработка меѓу младите.

Тема на работната сесија на ручекот, под раковдство на домаќинот на Самитот, премиерката Меј е економијата и регионалната соработка, со воведно излагање на еврокомесарот за соседска политика и за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Премиерот Заев е поканет да се обрати на панелот на тема „Надворешна политика, билатерални прашања и наследство од минатото“, со кој ќе претседава британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Предвидено е премиерот Заев да учествува и во работата на пленарната сесија водена од британската премиерка, на која ќе бидат презентирани плановите за Самитот во Варшава во 2019 година. На оваа пленарна сесија пред присутните ќе се обратат полскиот премиер Матеуш Моравјецки, како и канцеларката на СР Германија Ангела Меркел и еврокомесарот Хан, кои ќе говорат на темата „Иднината на Берлинскиот процес“.

За време на самитот планирана е и средба на Заев и владината делегација, со Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Официјалната програма на Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе заврши со прием за сите делегации во палатата Сејнт Џејмс, кој ќе го приреди принцот Чарлс. За време на приемот во палатата Сејнт Џејмс македонската делегација ќе има можност за куса билатерална средба со премиерката Тереза Меј.

Конференцијата е во рамки на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан – Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и петте земји-членки на ЕУ – Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија, а е под покровителство на британската премиерка Тереза Меј.

Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Словенија и Хрватска.

Покрај политичката и економската агенда на Самитот на Берлински процес, оваа година во Лондон, се вклучува и темата за безбедност.

Во рамки на програмата на министрите за надворешни работи, предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици.

На маргините на Самитот во Лондон, министерот за надворешни работи Никола Димитров заедно со еврокомесарот Јоханес Хан утре ќе имаат воведно излагање во Чатам Хаус, Британскиот кралски институт за меѓународни односи, на панел дискусијата „По Берлинскиот процес – иднината на регионот во следната декада“, посветена на Западен Балкан.

Од Лондон, премиерот Зоран Заев, со специјален лет заминува за Брисел каде ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО.

 

Западен Балкан Лондон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.