Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Македонија има околу 350 пациенти со 60 ретки дијагнози

0
By Нова ТВ on February 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 28, 2018 14:04

Четворица лекари заедно со четворица амбициозни студенти од Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА-Македонија) преку едукативни и интересни предавања во деканатот на Медицинскиот факултет го одбележаа Денот на ретките болести.

Настанот е организиран од одборот за медицинска едукација MMСА во соработка со здружението Вилсон –Македонија.

Светските анализи во здравството кои важат и за Македонија покажуваат дека 75 проценти од ретките болести ги напаѓаат децата. Првите симптоми се јавуваат по раѓањето или пак во раното детство. Дури 80 проценти од болестите имаат генетско потекло. Дел од  ретките болести се резултат на инфекции, алергии или се предизвикани од животната средина.

За повеќе од 95 проценти од ретките болести не постои никаква регистрирана терапија ниту протокол за лекување.

„Едукацијата за ретките болести е од огромна важност да започне уште на наше ниво, како студенти, за утре ние како идни лекари да знаеме кога да се посомневаме дека можеби се работи за некоја ретка болест и да можеме да им ја пружиме најдобрата можна грижа на овие пациенти. Затоа, со овој настан Одборот за Медицинска едукација при ММСА им дава можност на студентите по медицина поопширно да се едуцираат за ретките болести и сите заедно да се вклучиме во иницијативата за подигнувањее на свеста за овие болести“, вели Александра Каранфилска, национален офицер за медицинска едукација.

На денешната презентација се зборуваше за Вилсоновата болест, бета таласемијата како и болеста на Гоше и фамилијарна амилоидна полиневропатија, како едни од најчестите заболувања во Македонија од овој тип на болести.

„Лекарите треба повеќе да се едуцираат за да можат да препознаат дека станува збор за некоја ретка болест со што би можел да се подобри квалитетот на живот на оние кои се заболени од ваков тип на болест“, вели Александар Солев од ММСА.

Неофицијално во Македонија се регистрирани околу 350 пациенти со околу 60 ретки дијагнози. Но,според европската статистика во Македонија околу 120.000 лица се засегнати од некоја ретка болест.

 

ММСА ретки болести Статистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.