Published: Saturday, May 23, 2015 11:58
Мексиканските владини сили за безбедност убија 42 лица осомничени дека се членови на наркокартел во вчерашната престрелка во Западно Мексико, изјави комесарот за национална безбедност Монте Алехандро Рубидо.
Еден припадник на федералната полиција, а уште еден е ранет во тричасовната престрелка, која се случила на ранч, во близина на границата на сојузната држава Мичоакан со државата Халиско.
Владини претставници изјавија дека убиените се членови на картелот „Халиско Нова генерација“.
Рубидо соопшти дека тие се членови на „криминална организација, која дејствувала во државата Халиско“, но не даде попрецизни информации.




