Марш низ Москва посветен на убиениот критичар на Кремљ Борис Немцов, организираат денеска приврзаниците на опозицијата. Во текот на вчерашниот ден илјадници луѓе дојдоа на мостот во близина на Кремљ каде положија цвеќе и запалија свеќи. Таму во петокот навечер беше убиен опозицискиот политичар и поранешен заменик-премиер Борис Немцов.
Претседателот Владимир Путин го опиша убиството како “провокација”, и изјави дека убијците ќе бидат пронајдени и казнети. Од Националниот Инспекторат велат дека се истражуваат неколку мотиви за убиството вклучувајќи ја и можноста Немцов, кој бил Евреин, да е убиен од радикалните исламисти или дека опозицијата го убила за да се оцрни името на претседателот.
Во едно интервју Немцов изјави дека стравува за неговиот живот порaди неговите искрени критики за улогата на Русија во сепаратистичкиот конфликт во Украина.




