Парламентарните избори во Црна Гора, кои ќе се одржат во недела, ќе одлучат дали земјата ќе биде членка на ЕУ и НАТО или руска колонија, изјави црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ. Тој нагласи дека утрешното гласање е најважното откако земјата прогласи независност пред една деценија.
Неколку дена пред клучното гласање во земјата, Ѓукановиќ изјави дека Русија ја финансира изборната кампања на некои субјекти во Црна Гора со цел да го загрози патот на оваа балканска земја кон членството во НАТО.
Ѓукановиќ, кој веќе 25 година зазема високи раководни позиции во земјата, истакна дека опозициските партии во Црна Гора се финансирани од Москва, која гледа на претстојните парламентарни избори последна шанса да ја попречи интеграцијата на земјата кон ЕУ и НАТО.