Published: Sunday, January 11, 2015 22:29
Во вториот круг на претседателските избори во Хрватска победи Колинда Грабар Китаровиќ, кандидатката на опозицискта Хрватска демократска заедница (ХДЗ), покажуваат нецелосните официјални податоци од хрватската Државана изборна комисија добиени нешто по 22 часот.
Во неверојатно тесна битка во која разликата е под еден процентен поен, Грабар Китановиќ освоила 50,39 отсто од гласвоите, додека противкандидатот и актуелен шеф на државата, Иво Јосиповиќ добил 49,61.
Како што јавуваат хрватските медиуми во таборот на опозициската ХДЗ приврзаниците на Грабар Китановиќ веќе слават со тоа што ја пеат хрватската химна.




