Во Норвешка за прв пат ќе се организираат протести за поддршка на студентите во Србија. Група српски државјани кои живеат во таа земја најавија собир во Осло, пред Стортингет, Парламентот на Норвешка, во недела, на 26 јануари, во периодот од 15 до 16 часот, пренесува N1.
„Им даваме поддршка на студентите, учениците и граѓаните на Србија, сакајќи да покажеме дека сме со нив. Иако сме далеку и не можеме да излеземе по улиците на српските градови, се надеваме дека оваа наша иницијатива ќе им значи“, велат организаторите.