Околу 50.000 војници на НАТО во четврток во Норвешка ги започнуваат најголемите воени маневри направени од крајот на Студената војна до денес. Оваа демонстрација на сила се разбира ја иритира Русија.
Вежбата го носи името Trident Juncture 18 и ќе трае во 7 ноември. Сценариото на вежбата е како да и се помогне на една земја членка на НАТО кога нејзината безбедност е под закана.

“Цел е да се покаже способноста за одбрана на НАТО пред било кој противник”, изјави американскиот адмирал Џејмс Фого кој ја води операцијата и додаде дека оваа вежба не е насочена против било кого.
И покрај овие зборови, совршено јасно е дека вежбата на ум ја има Русија која во септември направи исто така големи воени маневри, најголемите во историјата на Русија а тие се одвиваа на Далечниот Исток.
За норвешкиот министер за одбрана Русија не е директна закана за неговата земја но “во денешната комплицирана безбедноста ситуација еден инцидент би можел да ја зголеми тензијата на северот а ние сакаме да ја подготвивме Алијансата за избегнување на било како инцидент”, изјаву Франк Баке-Јенсен за агенцијата АФП.
Врз тензијата помеѓу НАТО и Русија свој придонес даде вчера и Доналд Трамп кој се закани дека ќе ги повлече САД од повелбата за нуклеарно оружје, повелба потпишана со Русија во 1987 година.
Вежбата се одржува далеку од руско-норвешката граница која е долга 198 километри.

Критики од Москва дојдоа преку портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова која изјави дека “главните земји на НАТО го зголемуваат нивното присуство во регионот во близина на руската граница. За неа станува збор за “ѕвецкање со оружје” и “ваквите неодговорни акции ќе водат без сомнение во дестабилизирање на политичката и воена ситуација на северот и до зголемување на тензиите”, додаде Захарова и најави дека Москва ќе мора да го направи неопходното за да одговори.
Во вежбата учествуваат сите 29 земји на НАТО а ним им се придружија Шведска и Финска. Педесетте илјади војници ќе бидат поддржани од 10,000 возила, 250 авиони и 60 брода помеѓу кои и еден американски носач на авиони.

“Копнената вежба се одвива на 1.000 км од руската граница а воздушните операции на 500 км. Русија нема никаква причина за загриженост”, рече норвешкиот денерал Руне Јакобсен. На вежбата се поканети руски и белоруски набљудувачи.




