Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во очекување на гласањето: Брисел во неизвесност – Брегзит може да биде одложен

0
By Нова ТВ on January 15, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 15, 2019 10:30

Претстојното круцијално гласање на британскиот Парламент за Договорот за Брегзит ги води ЕУ и Велика Британија кон непознатото, бидејќи на маса се сите опции, а загриженоста расте пред можните сценарија, јави МИА од Брисел.

Британската премиерка Тереза Меј најверојатно нема да ја добие поддршката од Парламентот за Договорот за истапување на Обединетото Кралство од ЕУ. Главното прашање кое се поставува денеска во Брисел е дали ова гласање ќе биде тесно или комплетно фијаско за Меј. Од тоа ќе зависат и следните чекори во Лондон – нов референдум, предвремени избори, напуштање на ЕУ без договор или пак, она што до скоро беше незамисливо, одлагање на Брегзитот.

Иако никој тоа не го кажува јавно, дипломатите во Брисел сѐ почесто тврдат дека со оглед на неизвесноста на Брегзит без договор, ЕУ би можела да прифати одлагање на напуштањето на Британците за по закажаниот датум – 29 март.

Никој во Брисел не ја крие загриженоста од состојбата во Велика Британија, иако засега ЕУ не и ги понудила на Тереза Меј гаранциите што таа ги бараше за да може да протурка изгласување на Договорот во Вестминстер.

Се чини дека најголемиот дел од работата се врши зад затворени врати.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пред неколку дена, одговарајќи им на новинарите на прашање околу Брегзитот, само кусо изјави: „Оставете ме да работам“, сугерирајќи дека ја контролира ситуацијата.

Во писмото испратено вчера од страна на главните европски институции до Лондон, Јункер и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ги повторуваат истите точки: Гаранции дека т.н. „бекстоп“ (заштитен механизам) за ирската граница ќе биде само привремен и ќе биде отстранет штом Лондон и Брисел постигнат договор за нивното идно трговско партнерство. ЕУ уверува дека трговскиот договор брзо ќе биде склучен. Но, судејќи по вчерашните реакции во Лондон, овие гаранции не ги задоволија британските пратеници.

Со оглед на конфузијата која ќе настапи по денешното гласање во Лондон, Брисел се подготвува за одлагање на Брегзитот. Меѓутоа, најгорливото прашање кое се поставува во тој случај е организацијата на следните избори за Европскиот Парламент, пишуваат денеска медиумите.

Доколку одложувањето на Брегзитот се закаже за по овие избори, дали Велика Британија ќе учествува на нив? Ако учествува на изборите, тоа ќе значи дека британски европратеници ќе бидат избрани со петгодишен мандат. Правната замка на ваквото сценарио е нерешлива дури и за креативните бриселски умови, коментира денеска францускиот весник “Монд“ во својот коментар за Брегзит.

Според анализите, договорот за Брегзит денеска ќе биде отфрлен во Вестминстер од околу 360 од вкупно 650-те пратеници, односно 55 отсто од гласовите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.