Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Париз почна судењето на Кристин Лагард, директорка на ММФ

0
By Нова ТВ on December 12, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 12, 2016 16:12

Во периодот кога Лагард е именувана за министерка за економија и финансии на Франција, односно во 2007 година, правниот спор меѓу Тапие и банката „Кредит Лионас“ сè уште не бил решен, но таа издала наредба спорот да се реши преку приватна арбитражна комисија, наместо преку суд.

Директорката на ММФ е под истрага од 2014 година поради тоа што случајот на Тапие го доверила на арбитражниот суд, без при тоа да ја утврди независноста на еден од арбитрите. Лагард исто така се товари и за тоа што не се жалела на одлуката на арбитражата, која пресудила во корист на Тапие.

Во Судот на правдата на Република Франција, во Париз, денеска започна судењето на Кристин Лагард, директорка на Меѓународниот монетарен фонд. На Лагард ѝ се суди поради нејзината улога во арбитражна пресуда од 2008 година, кога беше министерка за економија и финансии во тогашната француска влада, односно поради последиците од спорот што пред точно осум години го водеше францускиот бизнисмен Бернард Тапие против банката „Кредит Лионас“, а во врска со продажба на акции од компанијата „Адидас“, чиј сопственик беше Тапие од 1989 година.

Тапие во текот на 90-тите години ѝ ја довери продажбата на акции на компанијата „Адидас“ на банката „Кредит Лионас“, но потоа ја тужеше банката за проневера бидејќи, како што тврдеше, го оштетила во продажбата. Неговото објаснување беше дека банката подоцна ги продала акциите од „Адидас“ за многу повисока цена.

Во периодот кога Лагард е именувана за министерка за економија и финансии на Франција, односно во 2007 година, правниот спор меѓу Тапие и банката „Кредит Лионас“ сè уште не бил решен, но таа издала наредба спорот да се реши преку приватна арбитражна комисија, наместо преку суд. Директорката на ММФ е под истрага од 2014 година поради тоа што случајот на Тапие го доверила на арбитражниот суд, без при тоа да ја утврди независноста на еден од арбитрите. Лагард исто така се товари и за тоа што не се жалела на одлуката на арбитражата, која пресудила во корист на Тапие.

Поради сето ова, во 2008 година на францускиот бизнисмен државата морала да му исплати отштета во вредност од 403 милиони евра.

60-годишната Лагард ги отфрла обвиненијата, но најави дека за време на судењето, кое треба да трае до 20 декември, привремено ќе се повлече од функцијата што ја има во ММФ.

Економските аналитичари оценуваат дека ова судење може да има големо влијание врз сегашната позиција на Лагард, директорка на ММФ, посебно доколку биде прогласена за виновна. Ако биде осудена, ѝ се заканува затвор од една година и парична казна од околу 15 000 евра.

Инаку, кредибилитетот на оваа институција е разнишан уште од времето на претходниот директор Доминик Штрос Кан, кој беше принуден да поднесе оставка во 2011 година откако беше обвинет за сексуален напад.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.