По повод Меѓународниот ден на џезот, денес во паркот „Ибни Пајко“,во организација на Здружението на џез музичари (ЗЏМ) во тек е џез – музичка дружба која ќе трае до вечер.

Ова е шести пат како се одржува манифестацијата на која ќе настапат бројни џез музичари меѓу кои Џоле Грујовски, Џон Илија Апелгрен ,Гордан Спасовски, Агни Авшар, Јордан Костов,  „SS Project“, „Off Ground Enseble“, Сашо Поповски „CuckooRack aka Bopers“ и Тони Китановски.

„Музиката има моќ да не обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување“, порачуваат од ЗЏМ.