Published: Sunday, December 13, 2015 10:20
Најмалку 22 лица загинале во пожарот кој ја зафатил болницата за невролошки болести во рускиот град Воронјеж.
Повеќе од 70 луѓе се наоѓале во болницата откако зградата доцна синоќа ја зафатил пожар. Пожарникарите повеќе од 4 часа се бореле во огнената стихија, а во еден момент се срушил и покривот на болницата.
Поголем број од пацинентите биле неподвижни или слабо подвижни, па тоа ја отежнувало акцијата на пожарникарите за спасување на луѓето.
Доцна синоќа огнот е изгаснат , а истрагата ќе утврди што ја предизвикало оваа трагедија.
Ова не е првпат да се случи пожар во психијатриска болница во Русија. Во септември 2013.та година во болницата во селото Лука во Новгород изгореа 37 луѓе.




