Најмалку 16 лица загинаа во пожар во еден магацин во Москва. Пожарот кој избувнал во магацинот на една печатница, се случи изутрината во североисточниот дел на рускиот главен град.
Властите соопштија дека четири лица биле однесени во болница со изгореници, додека 12 лица се спасени од пожарот.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин напиша на Твитер дека во тек е истрага за инцидентот. Непочитувањето на правилата за заштита од пожари се причина за многу вакви несреќи во Русија.