Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во престрелката во Мала Речица бил ранет и братот на убиениот Реџепи

0
By Нова ТВ on April 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 6, 2018 10:19

Во вооружениот инцидент што се случи вчера во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката.

Меѓу повредените лица, според очевидци е и братот на Неип, Сабри Реџепи кој наводно се здобил со лесна повреда на ногата, јави дописникот на МИА.

Основното јавно обвинителство Тетово синоќа соопшти дека во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.

„Во организирана акција на Обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода. Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово синоќа е извршен увид на самото место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици. Основното јавно обвинителство Тетово продолжува во континуитет се до целосно расветлување на настанот“ се наведува во соопштението на тетовското Основно јавно обвинителство.​

Од СВР Тетово за МИА изјавија дека во текот на ноќта приведени се уште две лица кои се сомничат дека биле дел од групата која учествувала во претстрелката.

Фото: МКД.мк

Во Клиничка болница Тетово биле донесени две лица со прострелни рани,од кои едното починало.

МВР денеска на прес-конференција се очекува да соопшти повеќе детали во врска со инцидентот во Мала Речица.

Престрелката се случи во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица. Неколку часа по инцидентот со соопштение се огласија од партијата на Ахмети.

„Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со Демократската Унија за Интеграција“, пишува во соопштението на ДУИ.

МАла Речица пукање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.