Никола Поповски: Според објавените конкурси за упис во прва година на студии во академската 2026 / 2027 на државните факултети се објавени следниве слободни места: УКИМ 9.719; УГД 4.063; УКЛО близу 2.400; ДУТ над 2.500; УМТ веројатно околу 1.000.
Вкупно околу 19.700 огласени места.
Денес државна матура полагаат 14.587 матуранти во средните училишта.
Разлика од 5.000 места помаку под услов ако сите матуранти се запишат на факултет, ако постојат само државни универзитети и ако никој не оди да студира во странство.
Тоа ни теориски не е возможно.
Во реалноста најмногу ќе се запишат околу 10.000 студенти.
Толку места има само на УКИМ.
Рационална и непристрасна дебата за ова во Собранието, Владата и МОН има?
Дебата во јавноста?
Макар и полуланирањето од страна на државата до каде е?
Уште милион прашања за дебата.
Извор: Фејсбук



