Здравствените власти во Романија започнаа да имунизираат и деца на возраст меѓу 12 и 15 години со вакцината на Фајзер/БиоНТек, објави Дојче Веле.
Во еден од градските паркови во Букурешт денеска беа поставени два мобилни пункта, каде што против Ковид-19 доброволно се вакцинираат оние коишто имаат желба за тоа.
Според порталот Хотњуз, вакцината им се дава на деца само со претходно потпишана согласност од родителите.