Руските специјални служби информираа денес дека го уапсиле можниот организатор на терористичкиот напад од 3 април во Сенкт Петербург во кој загинаа 14 лица.

“Еден од организаторите на злосторството, од централна Азија, Аброр Азимов, роден во 1990 година, беше уапсен во рамките на истргата за нападот во метрото на Сенкт Петербург”, информираа руските служби.

Според истрагата Аброр Азимов го обучувал “терористот камиказа Акбарјон Џалилов”, можниот автор на нападот кој исто така загина.

Неколку дена по нападаот руското судство обвини за тероризам и соучество во тероризам осум лица помеѓу кои и шест лица од централна Азија. Шестмина беа уапсени во Сенкт Петербург а двајца во Москва. Истрагата проверува дали овие лица се поврзани со терористичката организација Исламска држава која досега не презеде одговорност за овој напад.