Вкупно 231 луѓе загинаа, а над 27о луѓе се повредени во најголемиот самоубиствен бомбашки напад кој се случи во Сомалија, јави агенцијата Асошиејтед прес.
Експлозијата се случила во фрекфентна област во главниот град Могадишу, каде што има голем број владини згради, хотели и ресторани.
„Тоа беше камион-бомба. Експлодира на раскрсницата К5“, информира полицискиот капетан Мохамед Хусеин.
Експлозијата уништила неколку згради и десетици автомобили. Екипи на брза помош се обидуваат да им помогнат на повредените од кои некои се со изгорени до непрепознавање.
Се уште никој не ја преземал одговорноста за нападот, но сомалиската влада ја обвини познатата екстремистичка група Ал Шабаб.
Голем број луѓе им подлегнале на повредите во болниците, а сомалискиот претседател Мохамед Абдула им се придружил на илјадниците луѓе што донираа крв во болниците, тврди Хусеин.




