Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Северна Ирска уапсена жена за убиство на новинарката

0
By Нова ТВ on April 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 23, 2019 12:38

Полицијата на Северна Ирска денеска соопшти дека согласно Законот за тероризам уапсена е жена во врска со убиството на новинарката Лајра МекКи.

До апсењето на 57-годишната жена доаѓа откако групата Нова Ирак ја призна вината за убиството на младата новинарка.

„За време на нападот на непријателите, Лајра МекКи трагично е убиена додека стоеше покрај непријателските сили“, наведе милитантната група во изјава за весникот „Ајриш њуз“. Групата „искрено се извинува на партнерот, семејството и пријателите на Лајра МекКи поради нејзината смрт“.

Наградуваната 29-годишна новинарка, која пишуваше книга за исчезнувањето на млади за време на децениските судири во Северна Ирска, за време на на нередите во градот Лондондери стоела во близина на полицијата, кога кон нив почнал да пука непознат маж. Пред убиството, во населбата Креган дојде до безредија, се слушаа истрели и беа подметнати пожари

– Новинарката веднаш, со полициско возило е префрлена во болница, но за жал, таму почина. Почнавме истрага за убиство, изјави во петокот помошникот шеф на полицијата Марк Хамилтон.

Претседателката на северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП), Арлин Фостер, го осуди „бесмисленото“ насилство. „Оние кои во 70-те, 80-те и 90-те години го донесоа оружјето на нашите улици, не беа во право. Во 2019 година е исто така погрешно.“ И вицешефицата на националистичката Шин Фејн, Мишел О’Нил, го осуди убиството. „Тоа беше напад врз заедницата, напад врз мировниот процес и врз Договорот од Велики петок.“

Договорот од Велики петок, склучен во 1998 година, стави крај на деценискиот конфликт во Северна Ирска, во кој ирско-католичките националисти се бореа против протестантските лојалисти. Во рамки на преговорите за Брегзит беше изразена загриженост дека воведувањето гранични контроли помеѓу Северна Ирска и Република Ирска, која и во иднина ќе биде дел од ЕУ, може повторно да разгори насилства, потсетува Дојче веле.

Лондондери е познат по интервенцијата на британската армија наречена „Крвава недела“ . Во тој град, британските војници на 30 март 1972 година убиле 14 невооружени цивили, учесници на забранетиот марш за човечкови права на католиците. Причината за протестот била апсењето на 342 лица, обвинети дека се членови на Ирската републиканска армија (ИРА). Во Лондондери од почетокот на годинава имаше повеќе експлозии, но немаше повредени. Градот, кој од жителите се нарекува едноставно само Дери, има околу 85.000 жители и се наоѓа на крајниот северозапад на Северна Ирска на границата со Република Ирска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.