Најмалку 290 луѓе загинаа, а 500 се повредени во вчерашната серија напади врз цркви и хотели на Шри Ланка, соопптија утртово властите.
Тие исто така наведоа дека се приведени 24 лица осомничени за поврзаност со нападите.
Се уште никој не презеде одговорност за нападите што се случија на Велигден на грегоријанскиот календар.
Осум експлозии одекнаа во цркви и хотели во Коломбо и во околината.
Околу 1,2 милиони католици живеат на Шри Ланка, која има 21 милион жители. Христијаните се седум проценти, околу 70 се будисти, 12 – хиндуисти и 10 отсто се муслимани.
Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремешинг наведе дека нападите би можеле да предизвикаат нестабилност во земјата. Тој истакна дека Владата ќе ги искористи сите можни овластувања да дејствува против одговорните за нападите.
Надбискупот на Шри Ланка, кардинал Малком Ранџит побара од Владата „без милост“ да ги казни одговорните за нападите, додавајќи оти „само животните можат вака да се однесуваат“.
Вчерашниот напад на Шри Ланка беше најголем уште од 26-годишната граѓанска војна, кога бунтовничката група Тамилски тигри извршуваше голем број бомбашки напади за независна тамилска држава во северниот дел на Шри Ланка.




