Скопје расте во секој поглед – ова е генералниот заклучок од пописот кога ќе се спореди со бројките од последниот попис пред дваесет години.
Според сегашниот попис во Скопје живеат 526 502 жители, што споредбено со пописот од 2002 година е за 19 576 лица повеќе или за 3,9 отсто повеќе. Сегашната бројка на попишани станови изнесува 213 850 стана и е повеќе за 50 105 во споредба со 2002 кога биле преброени 163 745.
Земено по домаќинства во Скопје има 171 171 домаќинство што е за 24 605 домаќинства повеќе споредбено со 2002 кога во Скопје биле попишани 146 566 домаќинства.