Во градинката “Мајски цвет” во Карпош, Тафталиџе2 за време на викендот што измина таванот паднал, но за среќа немилиот настан се случил кога градинката била празна и без дечиња. Нема повредени, ниту пак жртви.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од детската градинка каде според нив може да се види дека паднал дел од плафонската конструкција.
Се обидовме да побараме повеќе информации, но нашето барање остана без успех од страна на официјалните лица. Тие најавија дека наскоро ќе има изјава од директорот на градинката.