МВР го потврди случајот, со информација дека вчера околу 13 и 30 часот по претходна расправија во домот, 53 годишниот З.Ц. со остар предмет му нанел повреди на неговиот 22 годишен син Ј.Ц.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Момчето било однесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а за инцидентот било известено и Основното јавно обвинителство.