https://www.youtube.com/watch?v=LvkDvGrWkTg
Петмина полицијаци се убиени, а шестмина се ранети во Далас, во сојузната американска држава Тексас, кога врз нив било пукано до два снајпери.
Еден од напаѓачите кој бил опколен од полицијата се самоубил.
Шефот на полицијата во Далас изјави дека се работи за заседа и дека по убиството, уапсени се тројца осомничени за нападот, додека четвртиот се заканувал со активирање бомби низ цел град. Со него полицијата преговарала неколку часа во една гаража во Колеџот Ел центро по што тој се самоубил.
Меѓу осомничените има и една жена.
Денешниот напад во Далас се смета за најсмртоносен врз американската полиција од 11 септември 2001, кога во терористичкиот напад загинаа 72 полицајци.
Тој уследил по мирниот протест што се одржувал во градот во знак на солидарност со убиството на двајца Афроамериканци, во Лујзијана и во Минестот, од страна на полицијата.




