Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

0
By Marija Todorovska on July 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 12, 2024 13:26

Во Собранието денеска беше одбележан 11 јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Учесниците апелираат до Владата, согласно Резолуцијата на ОН, да го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, кој го отвори настанот, истакна дека овој настан потсетува на кревкоста, но и на непроценливата вредност на мирот, владеењето на правото, соживотот, демократијата и на почитувањето на човековите права.

– Мирот, владеењето на правото, соживотот, демократијата и почитувањето на човековите права се круцијални вредности што треба да ги чуваат, негуваат и надградуваат сите цивилизирани и демократски општества, во ерата на глобализацијата, кога од нашето поблиско, но и подалечно опкружување, се уште стигнуваат вознемирувачки вести за воени судири, рече Гаши.

Од името на пратениците во Собранието и од негово лично име изрази сочувство за жртвите во Сребреница, посочувајќи дека Северна Македонија, заедно со повеќето земји во светската организација, неодамна застана зад Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која се осудува негирањето на геноцидот и со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

-Оваа Резолуција, како што истакнаа и нејзините предлагачи, не е насочена против никого посебно, туку се однесува единствено на извршителите на геноцидот, кои секако се општо познати, а за некои веќе се извршени и меѓународни пресуди за воени злосторства, рече Гаши.

Собранието на Република Северна Македонија секоја година го одбележува Денот на сеќавање на геноцидот од 1995 година, откако во 2010 година,  со Декларација, е поддржана Резолуцијата на Европскиот парламент  за Сребреница.

Мерсиха Смаиловиќ од Здружението Диванхана се заблагодари што за овој ден се дебатира во Собранието, посочувајќи дека на тој начин претседателот на Собранието и државата се големи пријатели на Бошњачката заедница. Ова, како што кажа таа, е доказ дека Македонија нема да го негира геноцидот.

– Геноцидот во Сребреница стои како ужасен потсетник за способноста за човечка суровост и катастрофалните последици од омразата и нетрпеливоста. Додека размислуваме за трагедијата што се случи во јули 1995 година, од клучно значење е да се почитуваат спомените на повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња на кои им е одземено правото на живот, рече Смаиловиќ.

Осврнувајќи се на неодамна донесената Резолуција од Собранието на ОН, рече дека прогласувањето на 11-ти јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот е значаен чекор. – Ова ќе овозможи глобална свест и внимание кон трагедијата, што е критично за обележување на историските настани и запазување на поменот за жртвите и нивните семејства, рече Смаиловиќ.

Таа смета дека треба да се осуди секое негирање на геноцидот и повика веќе утврдените факти да бидат дел од образовните системи и програми, но и да се осуди глорификацијата на осудените воени злосторници.

-Сребреница силно не потсетува дека мора да останеме будни против омраза и нетрпеливост. Оваа резолуција ја симболизира надежта за идните генерации и ветувањето за продолжување на борбата против омразата и поделбите, смета Смаиловиќ.

На настанот во Собранието зборуваа и проф. д-р Сеад Џигал, Сафет Бишевац и други.

геноцид Собрание Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.