Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчер попладне во стан во Скопје било пронајдено бесживотно тело на 22-годишно момче.

„На 27.07.2022 во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека Г.А.(22) од Скопје бил пронајден починат во својот дом. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, се наведува во соопштението на МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото момче било предадено на обдукција.