Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во тек е постапката за фабриката за производство на енергија од отпад, се работи на формално-правни аспекти

0
By Ivana on September 3, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постапките за фабриката за производство на енергија од отпад што треба да се гради во Неготино се во тек. Се чекаат одговорите од надлежните институции. Се работи на правно-формални аспекти

Штом тоа биде завршено, Владата ќе донесе одлука за усвојување на проектот по што ќе биде уплатена банкарската гаранција од 10 милиони евра. По завршувањето на овие постапки, оди во Собрание, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, премиерот истакна дека станува збор за комплетно еколошки проект кој веќе се применува во Германија, Австрија и Словенија.

– Се работи за комплетно еколошки затворен проект каде што по пат на плазма или без согорување од сето она што останува како домаќински отпад, се влече природниот гас заради производство на електрична енергија којашто ќе биде супституирана со 180 евра од мегават. Тоа го прави самиот проект профитабилен и одржлив. Дополнително во самиот проект ќе постои претселекција каде што се што може да се продаде од пластика, железо, хартија, стакло итн. ќе биде влезен импут во приходите на самиот проект. Вакви проекти постојат 50-ина во Германија, 20-30 во Австрија, неколку во Словенија. Тие успешно функционираат, истакна Заев.

Додаде дека сите средства се обезбедени од приватната компанија „Зока трејд“, а парите доаѓаат од Луксембург. Инвестицијата, како што посочи, е согласно Законот за стратешки инвестиции.

Вкупната инвестиција на проектот е 327 милиони евра. Покрај системот со сите сепарации што ќе се прават околу фабриката за производство на енергија од отпад, ќе има и 22 станици и потстаници и 100 камиони за транспорт на целиот отпад.

– Ова е навистина нешто што светот веќе го има и го практикува и верувам дека и во Северна Македонија ќе го имаме набрзо, рече Заев.

енергија Заев Неготино отпад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.