Пет куќи изгореа во пожар што денеска напладне избувна во центарот на Струга позади хотелот „Београд“. Пожарот е локализиран, но се уште екипи се на теренот, а местото е обезбедено.
Во гаснењето учествуваше цела екипа на Територијалната пожарна единица во Струга екипи од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и граѓани.
Гаснењето на пожарот е отежнато поради тесните улици и непристапниот терен, односно поради возилата коис е паркираат на улицата.
Три куќи се целосно изгорени, а две од нив се опожарени, информараат од Противпожарната единица во Струга. Повредени нема.
Според очевидци пожарот избил од некоја од старите куќи при што се проширил на другите.