Published: Wednesday, July 19, 2017 09:06
Во Црна Гора почнува судењето против четиринаесетмина обвинети, меѓу кои и двајца проруски опозициски лидери поради обид за државен удар за време на изборите минатата година.
Меѓу осомничените се и деветмина српски државјани, како и двајца руси. Според црногорските власти, тие биле организирани да го заземат парламентот за време на парламентарните избори, да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ и да инсталираат проруско раководство со цел да го спречат влегувањето на Црна Гора во НАТО.
Подгорица исто така смета дека во целиот заговор биле вклучени и руски државни тела, но Москва ги отфрла ваквите наводи.




