Турската полиција упаси тројца за кои верува дека се припадници на Исламската држава и кои наводно планирале напади на германските дипломатски мисии и школи во Турција, кои минатата недела беа затворени поради терористичка закана.
Тројцата маѓи, Турчин, Ирачанец и Сириец се уапсени под сомнение дека планирале нови напади во Истанбул, а полицијата постапувала по информација од турските и германските разузнавачки служби.
Осомничените како што е соопштено планирале напади на германски интереси во Турција.
Германија минатата недела ги затвори Амбасадата во Анкара, конзулатот во Истанбул и германските школи во двата града, а германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер истакна дека се работи за „многу сериозни“ индикации за планирани напади.
Турските власти тогаш ја критикуваа ваквата одлука, додека два дена подоцна еден припадник на Исламската држава се разнесе на најфреквентната улица во Истанбул, при што загинаа тројца Израелци и еден Иранец, додека десетина беа повредени.
Вчерашните апсења уследија откако полицијата започна потрага по тројца припадници на ИД за кои се верува дека планирале напади на места на кои има многу народ.
Вчера на границата на Турција и Сирија биле уапсени уште десет луѓе за кои се сомнева дека се припадници на ИД, при што кај еден од нив е пронајден појас со експлозив, соопптија турските власти.




