Турското Министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека под истрага за 10.000 лица поради сомнение дека користеле социјални мрежи за поддршка на тероризмот, јави Ројтерс.
Пристапот до социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук привремено е блокиран главно поради екслозиите и другите напади иако официјална Анкара тоа го демантира.
Турција која се соочува со безбендосни закани од Курдите, левичарските милитаристи и Исламската држава отпуштила или суспедирала над 100.000 луѓе по обидот за државен удар во јули годинава.
Според Министерството таквите мерки биле неопходни за да се искорени поддршката на „пучистите и другите терористи“.
Од пучот над 150 медиуми се затворени, а над 140 новинари се уапсени.
Уапсени се и 1.656 лица поради наводна поддршка на терористичките организации или поради навредливи коментари на сметка на владата на социјалните мрежи, а под истрага се најмалку 10.000 луѓе, пренесува агенцијата.
АФП јави дека официјални лица често го укинуваат пристапот до социјалните мрежи за да спречат ширење на информации со образложние дека ја штитат јавната безбедност.
Во соопштението од Министерството се наведува дека законски мерки се покренати против 3.710 луѓе дека 1.203 се пуштени на условна слобода, 767 се ослободени, а 84 се се уште во притвор.




