Published: Friday, December 23, 2016 12:05
Турските власти денеска уапсиле 31 лице под сомнение за поврзаност со Исламската држава, јави турската ТВ станица НТВ.
Веста е објавена во време на засилени судири на турските војници и џихадистите на северот на Сирија.
Турција издаде и налози за апсење на вкупно 41 лице во Истанбул поради сомнение дека се „членови на терористичка организација“, објави НТВ. По десетмина се трага.
Турскиот министер за обрана Фикри Ишик изјави дека вчера пред Парламентот дека 35 турски војници загинале од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, започната кон крајот на август минатата година додека 1.005 екстремисти на Исламската држава се убиени.




