Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска го суспендира правото на годишен одмор за над три милиони вработени во државната администрација во цела земја.
Во наредбата, објавена во официјалното гласило, се наведува дека годишните одмори се во мирување се додека не биде издадена друга наредба, а оние кои веќе заминале, треба да се вратат на работните места што е можно поскоро.
На вработените во јавниот сектор исто така им е забрането да патуваат и надвор од земјата.
Одлуката следи по големата акција што се спроведува низ целата држава, а со која е опфатен јавниот сектор, судството, полицијата и вооружените сили, по неуспешниот обид за државен удар.
Турската државна новинска агенција објави дека Министерството за внатрешни работи отпуштило над 9.000 службеници низ цела држава.
Според агенцијата Анадолија вкупно 8.777 вработени во Министерството се отпуштени меѓу кои и 30 на високи позиции, 52 инспектори и 16 правни советници.
Други медиуми објавија дека се отпуштени полицикси офицери и офицери на воената полиција како и на крајбрежната служба за обезбедување.




