Турската Влада затвори 45 весници, 16 телевизиски станици и три новински агенции во рамките на вонредната состојба што ја воведе претседателот Реџеп Таип Ердоган по неууспешниот воен удар во средината на месецов.

Според државната агенција Анадолу и околу 1.700 војници и 87 генерали се отпуштени од работа.

Шефот на туската дипломатија Мевлут чавушоглу изјави дека и од Министерството за надворешни работи досега се отпуштени 88 вработени.

Минатата недела Ердоган изјави дека овие акции е со цел да се отстрани наводната закана што произлегла од воениот удар. Исто така отпуштени од работа или суспендирани се и илајдници службеници од јавната администрација.

Телото надлежно за медиуми во Турција минатата недела им ги одзеде дозволите на над 20 радиостаници и телевизии кои наводно се поврзани со свештеникот Фетула Ѓулен, за кого Ердоган тврди дека стои зад бунтот.

Турција формално побара екстрадиција на Ѓулен од САД каде тој живее во егзил. Ѓулен негира вмешаност во каков било заговор.