Сè уште нема конечна одлука за тоа како ќе се организира наставата во учебната 2020/21. Продолжуваат консултациите меѓу Министерството за образование и наукла (МОН) и Комисијата за заразни болести, соопшти министерот за образование Арбер Адеми. Тој не ја исклучи можноста и за пролонгирање на учебната година.
Адеми на прес-конференција информира дека се разгледуваат три модели: физичко присуство, онлајн настава и комбиниран модел. Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба.
„Нашиот став е јасен, но пред сè е важно здравјето на децата“, истакна Адеми.
Тој рече дека е можно физичко присуство на учениците само во оние места во кои тоа го дозволува епидемиолошката состојба.