Министерот за надворешни работи Бујар Османи и денеска упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Украина да се вратат во земјава.
Тој посочи дека треба да ја искористат можноста на постоење на комерцијални летови и да се вратат.
Османи вели дека во Украина има околу 100 македонски државјани.
– Не сакаме воопшто да внесеме неизвесност и страв во Украина, во целосна координација сме со нашите сојузници НАТО и ЕУ“, додаде Османи.
Претходно МНР информира дека граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во Амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:
+380442877882
+380663951190
е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk
Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk
– Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани, стои во соопштението.