Унгарски про-владин портал објави „црна листа“ на новинари кои се обвинети дека работат во интерес на Џорџ Сорос.
Текстот „Странските пропагароти на Сорос“, се појави во вторникот на сајт кој е во соспственост на близок партнер на премиерот Виктор Орбан.
Во списокот се имиња на осум новинари повеќето унгарски, кои работат како дописници за странски медиуми.
Сајтот ги обвинува дека не се објективни и независни и работат за интересите на Сорос кого унгарските власти го нарекуваат „јавен непријател“.
– Тие методи не враќаат во антидемократските времиња и се далеку од пракса на демократско новинарство и информирање, наведуваат во реакцијата од Асоцијацијата на новинари на Унгарија. Тие се гневни и на зголемениот број пречки при извршувањерто на новинарската професија во Унгарија. На дел од нив им е забранет пристап во парламентот, владата не одговара на писмени прашања и не поканува на прес конференции новинари кои ги смета за опоненти – наведува сајтот.
Преку соопштение, Националната асоцијација на унгарските новинари (МУОСЗ), која има 3.500 членови и е најстара таква медиумска организација во земјата, ја осуди таквата листа на новинари.
МУОСЗ додава дека интернет страницата не понудила никаков доказ за поврзаност меѓу посочените новинари и Сорос.
– Стигматизирање на колеги преку листи кои се својствени на поранешни анти-демократски времиња, е далеку од практиката на демократско новинарство и информирање на јавноста – стои во нивното соопштение.




