Граѓанскиот активист Гиорги Какук, кој демонстративно ја пресече бодликавата жица поставена на унгарско-српската граница е уапсен од страна на полицијата.
Оградата вчера заедно со него ја пресече и српската новинарка Милица Манчиќ, во близина на Роска во јужниот дел на Унгарија.
Тие сметаат дека поставувањето на оградата е бесмислено а и не придонело да се намали бројот на бегалци кои доаѓаат во Унгарија.
– Во исто време, тоа е спротивно на основните принципи на Европската унија и на борбата против криумчарењето на луѓе. Оградата служи како изговор за на бегалците да им наплаќаат високи цени за влез во Шенген зоната, рече Какук.
Унгарската полиција соопшти дека со сечењето на жичаната ограда, Какук извршил кривично дело против државниот имот, за што унгарскиот политичар се изјаснил за виновен.




