Во Варшава денес 50.000 луѓе излегоа да ја одбранат демократијата во земјата која, според нив, е загрозена од конзервативците на Јарослав Качински кој дојде на власт пред еден месец.
«Ова овде не е Будимпешта туку Варшава», скандираат учесниците на демонстрацијата пред претседателската палата реферирајќи се изјавите на Качински за неговиот афинитет кон унарскиот популист и премиер Виктор Орбан.
Качински е лидер на партијата Право и правда, но претседателот на државата Анджеј Дуда и премиерката Беата Шидло отворена признаваат дека нивни водач е Качински.
Манифестацијата бара оставка од претседателот Дуда за кој велат дека го нарушува уставот. Дуда одбил да номинира пет судии во Уставниот суд поради тоа што биле обрани од страна на претходниот парламент. Уставниот суд смета дека претседателот имал обврска да ги именува избаните судии.
Дуда дојде на власт на 25 октомври оваа година а партијата Право и правда беше избрана пред еден месец.
На овој собир денес учествуваа најголемите партии на опозицијата било да се припадници на десната, левата или центар идеологијата. Манифестацијата ја организираше Комитетот за одбрана на демократијата, граѓанско движење, а политичарите учествуваа на собирот како граѓани на државата.




