Романската влада ја повлече наредбата со која требаше да биде декриминализирана корупцијата по масовните протести на граѓаните.

Романците денес ја слават победата на граѓанското општество и излегоа на улица. Се очекува да излезат повеќе стотици илјади Романци.

Сепак повлекувањето на наредбата не значи и прекин на протестите. Демонстрантите велат дека ќе продолжат да прават притисок врз владата се додека таа не поднесе оставка а други бараат вонредни избори. Сите се спремни секој ден да излегуваат на улица.

https://www.facebook.com/TaNaNaNa.ro/videos/1817623358503293/