Во Скопје денеска и утре ќе дебатираат претставници на меѓународните  финансиски институции, на бизнис-секторот, како и на извршната и на локалната власт од земјава и од регионот за економското заздравување и растот по Ковид кризата.

На Првата годишна конференција, во организација на Министерството за финансии, ќе се споделат искуства и разменат идеи за глобалните и регионалните перспективи за постпандемиското закрепнување на економијата.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за финансии, Фатмир Бесими и претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се одржат три панели. На панелите ќе бидат презентирани видувања за тоа како можат политиките најдобро да го поддржат растот, кои се главните предизвици за одржување на безбедноста во светот што се менува, кои фискални и монетарни мерки му помогнаа на бизнисот и кои се ризиците од предвременото повлекување на фискалните стимулирачки мерки.