Published: Friday, February 4, 2022 08:55
Премиерот на Северна Ирска, Пол Гивејн поднесе оставка во знак на протест против трговските правила по Брегзит.
Денеска е крајот на тоа што беше мојата животна привилегија, рече Гивејн на прес-конференција.
Гивејн на оваа функција мина помалку од една година, пренесуваат британските медиуми.
Министерот за Северна Ирска во британската Влада, Брендон Луис, изјави дека одлуката на Гивејн да поднесе оставка е „крајно разочарувачка“.




