Центар за јавно здравје во Прилеп информира дека по направените анализи констатирано е дека водата за пиење е неисправна на четири мерни места во четири села.

-Во селото Волково и во Мало Рувци не е исправна водата за пиење во приватни два објекта, а во Чумово и Прилепец според извршените анализи, водата која што тече од јавните чешми, не смее да се користи за пиење. Медицинските стручњаци препорачуваат водата од овие мерни места, задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба, се вели во соопштението.

Општина Прилеп во четирите населени места денеска ќе достави известувања според препораките на Центарот за јавно здравје, со цел да се превенираат несакани последици по здравјето на жителите, а до граѓаните се апелира дека треба да ги почитуваат препораките, до следното известување од Центарот за јавно здравје.