ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека дека поради планирана системска интервенција – надградба на електронските услуги кои ги нуди претпријатието, како и телефонската комуникација кон Дежурно-информативниот центар ќе бидат во прекин со почеток од 14 до 17 часот.
„За сите потребни информации корисниците ќе можат да се обратат на контакт телефонот 072 304 269, кој ќе биде во функција во овој временски интервал“, информираат од јавното претпријатие.