Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Војна на улиците на Чиле: Над 10.000 полицајци и 7 загинати

0
By Нова ТВ on October 21, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 21, 2019 09:34

Владата на Чиле ќе ја продолжи вонредната состојба во земјата по бранот насилства и подметнати пожари во текот на  викендот во кои загинаа најмалку седум луѓе, соопшти министерот за внатрешни работи.

Оваа одлука е донесена поради ескалација на насилствата и вандализмот, рече министерот, презентирајќи податок дека само во неделата се случиле над 70 насилни инциденти, вклучувајќи и 40 пљачки на супермаркети и други продавници.

Главниот град на Чиле и други поголеми градови со денови се соочуваат со нереди, што беа предизвикани од зголемувањето на цените на метрото. Дополнително на мета на демонстрантите се најдоа и високите трошоци за живот и нееднаквоста и економскиот модел во кој здравството и образсованието се речиси приватизирани.

-Ние сме во војна против можниот и немилосрден непријател кој никого не почитува и кој е подготвен да ги користи насилството и злосторството без ограничување, изјави претседателот Себастиан Пињера.

Тој во саботата ја поништи одлуката за зголемување на цените на картите за метро, но воведе вонредна состојба во Сантијаго, град во кој живеат над 7 милиони луѓе.

На улиците на Сантијаго се наоѓаат 10.500 војници и полицајци и нивниот број ќе се зголемува, најави министерот за вантрешни работи.

-Се соочуваме со вистинска ескалација која недвосмислено е организирана за да нанесе сериозна штета на нашата земја и на животите на нашите гражани, изјавуваат од МВР.

Во инцидентите поврзани со  протестите загинаа седум лица. Според Обвинителството, до вчера, поднесени се обвиненија против 1.462 лица поради протестите, од кои 614 во Сантијаго, каде се уапсени 179 луѓе.

Претседателот на војската и нареди воведување ред во Сантијаго, па поради тоа, ноќта меѓу саботата и неделата воведена е забрана за движење низ градот, а ваквата забрана е продолжена до денеска.

Сообраќајот вчера бил блокиран, а на аеродромот настанал хаос, со одложување на летови, бидејќи пилотите и посадата не можеле да пристигнат на работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.