Откако на позициите најблиски соработници ги избра Рајнс Прибус, претседавач на Републиканскиот национален комитет за шеф на Кабинет и Ствен Бенон, познат по неговите крајно десничарски неонацистички, антисемитистички и расистички ставови за главен стратег, новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, на листата за потенцијални членови на неговиот Кабинет се најдоа и други лобисти од неговиот внатрешен круг, посебно за клучните позиции.
– Во тек е многу организиран процес се одвива околу Кабинетот и на многу други места. Јас сум единствениот кој знае кои се финалистите, напиша на Твитер Трамп.
– Јас сум единствениот кој знае кои се финалистите, рече Трамп.
Безбедноста и надворешната политика ќе ја кројат луѓе со радикални ставови
Редица советници биле видени како изминатите денови влегуваат и излегуваат од зградата на Трамп на Менхетен, меѓу кои и сенаторот Џеф Сешнс од Алабама, кој се споменува како можен секретар за одбрана или јавен обвинител. На средбата дошол и сенаторот од Тексас Тед Круз кој му беше противкандидат на Трамп на внатрепартиските избори. Тој на новинарите им изјави дека „очекува силна борба за спроведување на она што било ветено“ за време на кампањата.
Блумберг шпекулира дека Трамп наводно го има предвид Круз за позицијата јавен обвинител.
Сепак, дел од кандидатите за кои речиси беше сигурно дека ќе бидат дел од тимот на Трамп во Белата куќа, ненадејно отпаднаа.
Тоа му се случи на Мајк Роџерс, поранешен конгресмен од Мичиген, умерен републиканец, кој се споменуваше за позицијата директор на ЦИА одеднаш беше исфрлен од тимот. Роџерс соработуваше со гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи кој во петокот исто така беше исфрлен од тимот од страна на Пенс, заменикот на Трамп.
На Роџерс му се забележува дека кога раководител до Комитетот за разузнавање во Конгресот, недоволно бил агресивен во нападите кон ривалката Хилари Клинтон, која тогаш била државен секретар, што довело да пропадне истрагата за нападите од страна на милитантите на американските објекти во Бенгази на 11 септември 2012 година.
Исклучувањето на Роџерс од тимот, за актуелните претставници на американското разузнавање значи дека Трамп во неговиот круг на советници за надворешна политика ќе вклучи луѓе со радикални ставови.
Според извори блиски до Трамп за позицијата државен секретар се споменуваат негови лојални соработници како поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани и поранешниот амбасадор во ОН Џон Болтон.
Џулијани кој беше градоначалник за време на нападите од 11 септември 2011, познат е како човек со радикални ставови во однос на прашањата за национална безбедност. Болтон исто така е познат по агресивни ставови за надворешната политика кој минатата година изјави дека САД треба да го бомбардираат Иран за да ја запрат неговата нукеларна програма.
Пензионираниот генерал Мајк Флин, кој е фаворит за советник за национална безбедност побара САД да се повлечат од заштитата на долгогодишнните сојузници Јужна Кореја и Јапонија.
Економијата во рацете на елитата од Вол стрит и бизнис инсајдери
На врвот на листата за високите економски позиции во Кабинетот се шефот за финансии во неговата кампања и ветеран од Вол Стрит Стив Мнухин, додека за секретар за трговија се споменува името на неговиот долгогодишен поддржувач и милионер, инвеститор во Вилбур Рос Карл Икан.
Мнухин одби за новинарите да ги коментира овие комбинаторики, изјавувајќи само дека тимот се обидува „да осигура дека ќе помине еден од најголемите закони поврзани со даноците, односно најголемите промени во даночниот систем од времето на Реган“.
Вол Стрит внимателно го следи изборот на Трамп за секретар за финансии, бидејќи републиканците имаат мнозиснтво во обата дома на Конгресот, со што на Трамп му се дава отворен пат за да ги протурка сите даночни и финансиски реформи.
Токму поради вклучувањето на лобитите во неговиот тим најблиски соработници, Трамп се најде на жестоки критики од неговите опоненти, меѓу кои најгласна е сенаторката на демократите Елизабет Ворен, бидејќи сега избраниот претседател, најголем дел од изборната кампања ја базираше на напади врз Клинтон заради нејзината поврзаност со банкарскиот и индустрискиот естаблишмент.
– Врз основа на јавните извештаи, во вашиот преоден тим и идниот кабинет има над 20 претставници на елитата на Вол Стрит, инсајдери од индустријата и лобисти кои би носеле одлуки што би имале огромно влијание врз нивните клиенти и вработени, напиша Ворен.
Трамп има помалку од 70 дена до неговата инаугурација на 20. jануари да го состави Кабинетот и да назначи други високи претставници. Тој според проценките треба да назначи луѓе на околу 4.000 високи државни позиции.







