НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Волшебната планина на светската елита

0
By Светлана Јовановска on January 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јунакот на Томас Ман од романот “Волшебната планина”, Ханс Касторп, германски инженер, на почетокот на 20 век доаѓа еден ден во Давос, во посета кај еден роднина. Фасциниран од менталитетот на “луѓето од горе”, луѓето од високата планина, тој открива цела галерија луѓе, од кои секој на свој начин, се инкарнација на епохата во која живеат: еден масон, еден језуит, еден хедонист, еден психоаналитичар… Како маѓепсан од овие луѓе, Ханс, кој планирал да остане три дена во Давос, останува цели 7 години.

Денес во Давос ретко кој останува повеќе од три дена, но луѓето што ја посетуваат оваа швајцарска планина секоја година во јануари, можат да маѓепсаат.

И тоа така се одвива веќе 48 години секој јануари. Малечката општина Давос е галерија на светските “фаци”, “the place to be” за светската економска, политичка, универзитетска, религиозна елита на која и се придружуваат и ѕвезди од шоу бизнисот. Светскиот економски форум (СЕФ) е всушност еден голем центар за размена на мислења, откривање на новите економски и политички тенденции или новата технологија. Накусо, место на кое може да се насети во која насока се движат државите и економијата.

Гранд Хотел Белведере во Давос

За што годинава ќе се зборува во Давос

Официјалната тема годинава во луксузниот скијачки центар во Алпите е “Креирање на заедничка иднина во скршениот свет”. Тема што остава простор за разговори околу Брегзит, растечките ризици од технолошкиот напредок и вештачката интелигенција, климатските промени, популизмот и растечката нееднаквост во светот.

По скандалот со сексуалното насилство на Харви Вејнштајн, оваа тема нема да биде заборавена. Светските лидери често зборувале дека е потребно да се зајакне местото на жените во светот на лидерите но сепак и годинава одвај 20 проценти од учесниците се учеснички.

Што се однесува до нееднаквоста и сиромаштијата, британската невладина ОКСФАМ вчера објави извештај за кој во Давос ќе се зборува. Во него стои дека во 2017 година 82 отсто од богатството на светот им припаѓа на 1 процент богати а состојбата не се подобрила за 50 отсто сиромашни. ОКСФАМ дава и конкретен пример за своето тврдење: на газда на една од петте први текстилни фирми во светот му требаат 4 дена додека на текстилната работничка во Бангладеш и треба цел живот за да ја заработи истата сума. Советот што ОКСФАМ ќе им го испрати на светските лидери во Давос е дека државите мораат да престанат со намалување на даноците за најбогатите.

Но средбата без сомение ќе ја стави “Америка прво!”, според славниот слоган на изборната кампања на Трамп, со присуството на американскиот претседател. Првиот човек на СЕФ, Клаус Шваб, на прес конференцијата пред настанот, на извесен начин го предупреди Трамп велејќи дека “ниту еден човек сам не може да ги реши глобалните проблеми” и додаде дека светот е на точка на која постои “реална опасност од колабирање на глобалниот систем”. Оттука, учесниците веќе со нетрпение го очекуваат завршниот говор на Трамп закажан за петок.

Две причини да се оди во Давос

Учесниците во Давос велат дека има две главни причини поради кои трошат огромни пари за да присуствуваат на овој форум. Пред се средби за скапоцени бизнис и политички контакти или на англиски “networking”. Втората причина е што на Форумот може да се детектираат главните светски тенденции и да се “намириса” дали една земја или нова технологија во наредниот период ќе се наметнат како место за инвестирање.

Накусо, учесниците од форумот имаат ретка можност да изградат поширока визија за светот, да соберат скапоцени искуства и да го наполнат адресарот со важни телефонски броеви.

Во Давос стасуваат сите високи личности на кои во светот им се слуша зборот. Годинава и премиерот Зоран Заев е дел од оваа елита па може да се каже дека Давос е совршено место да се покаже дека  Македонија се враќа во демократијата па сега е во потрага по поголем визибилитет на глобалната мапа.

Годинава македонскиот премиер би можел низ ходниците да “налета” на Кејт Бланчет или Елтон Џон, добитници на Кристалната награда на Давос, заедно со Индиецот Шах Рух Кан. Признанието се доделува секоја година на лица од уметноста што покажале спосбност да ја подобрат состојбата во светот.

Бланчет е амбасадор на добра волја на Обединетите Нации за бегалци, Елтон Џон успеа да собере 400 милиони долари за борба против сидата а Рух Кан од индискиот Боливуд креирал фондација со која им се помага на жртвите од напади со киселина а има отворено и болница за лекување на деца од рак. Повеќе за оваа награда тука.

Македонски политичари во Давос

Последен пат кога во Давос бил македонски политичар беше во 2003 година кога таму беше претседателот Борис Трајковски. Пред него во Давос беше само уште претседателот Киро Глигоров за време на неговиот мандат.

По 20 години пауза, оваа година во Давос доаѓа и Доналд Трамп. Последниот американски претседател што бил на Давос беше Бил Клинтон во 2000 година кој се залагаше тогаш за отворање на трговските пазари.

И оваа година во Давос доаѓаат најпознатите лидери од светот.

Кој е организатор на Форумот?

Форумот во Давос го организира фондација што го носи името на Форумот – World Economic Forum. Основана е во 1971 година од страна на германскиот економист, Клаус Шваб, кој и денес е претседател на организацијата. Фондацијата ја финансираат илјадници големи фирми кои се и нејзини членови како Фејсбук, Тотал, Публицис, Гугл, Арселор Митал итн.

Клаус Шваб, основач и претседател на Форумот

Во Фондацијата работат 500 лица и таа по својот статус е независна а е раководена од Совет со 23 члена помеѓу кои и Кристин Лагард, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд. Фондацијата има буџет од 200 милиони евра. Фирмите членки имаат годишна членарина од минимум 40.000 евра а на тоа додаваат и 18.000 евра доколку нивниот газда сака да учествува на Форумот. Најзначајните можат да станат “Индустриски партнери” за цена од 100.000 евра а за да се стане “Стратешки партнер” цената е 400.000 евра. Овие позиции им даваат можност на овие фирми да испратат повеќе претставници и привилегии за време состаноците и приватните вечери.

За политичарите учеството е бесплатно бидејќи тие се гости на Форумот.

Волшебната планина Давос Зоран Заев Светски економски форум сеф Томас Ман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.