Американскиот претседател Барак Обама ја откажал средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој оваа недела ќе престојува во посета на САД, каде ќе учествува на самитот за нуклеарна безбедност, пишува денеска весникот „Волстрит журнал“.
Според извори од администрацијата на САД, Обама го одбил барањето на Ердоган да учествува заедно со него на отварање на џамија, чија изградба е финансирана од Турција.
– Освен тоа американскиот претседател нема планови да одржи билатерална средба со Ердоган, чија земја е исклучително важен сојузник во борбата против групацијата Исламска држава, додава весникот.
– Во Белата куќа посочија дека одбивањето на средбата не треба да се оценува како непочитување, пишува весникот.
Во меѓувреме прес-службата на Ердоган соопшти дека засега нема информации дека Обама ја откажал средбата.
Ердоган утре заминува во посета на САД и таму ќе престојува до 4 април.




